Од вторник делумно ќе се нормализира градскиот превоз во Куманово

22.05.2020 14:35 | KumanovoNews

Од вторник ќе се нормализира дел од јавниот градски превоз во Куманово. Од автотранспортните претпријатија кои ја вршат оваа дејност, најавуваат дека наредната недела нивните автобуси ќе се стават во функција на граѓаните, но со редуциран возен ред и со посебни мерки за заштита од  коронавирусот.

Од вторник делумно ќе се нормализира градскиот превоз во Куманово

„Ние сме подготвени да започнеме со работа од вторник, меѓутоа со редуциран превоз. Тоа ќе биде пред се` за потребите на стопанството и администрацијата, како што беше и барањето на Општинскиот кризен штаб и голем дел од фирмите, но делумно ќе излеземе во пресрет и на граѓаните. Поточно, ќе бидат пуштени утринските линии во 5, 6 и 7 часот до фабриките, предпладне ќе има еден термин во 10 часот за потребите на граѓаните, за втора смена ќе се вози од 13 до 15.30 часот, заради враќање на работниците дома.  Бидејќи полицискиот час е уште на сила, во попладневните часови ќе пуштиме автобуси во 18 часот, исклучиво за граѓаните кои работат во маркетите,“ - изјави Оливер Стефановски од команијата „Оли-травел“.

Автобусите ќе можат да ги пополнат само 50 отсто од капацитетите, а сите патници и возачите задолжително мора да носат заштитна опрема. После секоја возење возилата ќе се дезинфицираат.     

Превозниците „Оли- травел“, „Штуз“ и „Јоцо-турс“, остануваа на барањата до Општината и Владата за субвенционирање на превозот, бидејќи сметаат дека тие како дејност се најмногу погоден од кризата.

Владата ја укина мерката за забрана на организирање на јавниот градски превоз во Куманово уште во вторник, но не даде конкретни наскои и протоколи за организација на превозот на патниците, поради што градскиот превоз доцни, а граѓаните реагираат.

Во изминатите неколку дена се воспостави, исто така редуциран меѓуградски превоз до Скопје, со по неколку линии дневно.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk