Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Градскиот плоштад, денеска учениците го одбележаа Денот на Европа, со културно - забавна програма и промоција на неколку европски земји.
Прославата ја отвори градоначалникот Зоран Дамјановски, а на настанот присуствуваа претставници од грчката и холандската амбасада.
Овој ден е значаен, бидејќи седум земји членки пред 63 години потпишаа договор за основање на европската заедница. Сонот на Македонија како дел од европскиот континет е да биде дел од Европска Унија. Македонија дваесет години работи на реформи и процеси да се корегираме и да бидеме членка на ЕУ - изјави Дамјановски.
На присутните им се обрати и Гаврил Стилијанос, заменик амбасадор на Република Грција во Македонија, кој кажа дека ЕУ е формирана како заедница каде војните меѓу народите ќе бидат незамисливи. Тој рече дека и покрај потешкотиите со кои се соочува ЕУ, огромна е желбата на земјите да бидат дел од заедницата.
Од многу други градови денеска одбравме да бидеме во Куманово, не само поради тоа што лично уживам во убавините на овој прекрасен град во кој ја имам таа привилегија доста често да доаѓам, туку затоа што е вистински европски модел на заедница каде што живеат речиси сите етникуми кои се од оваа земја. Куманово е исклучително интересен и динамичен град со богата културна, природна средина и привилегирана географска положба. Голем број на грчки и други компании се основани во вашиот град - вели Стилијанос.
На Градскиот плоштад беа поставени штандови на кои се промовираа Грција, Холандија, Велика Британија и Литванија.
Европската Унија е основана на денешен ден пред 63 години.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk