Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со повеќе активности денеска беше одбележана 72 годинишнината од ослободување на Куманово.
На Свечената седница беа врачени Ноемвриските наградите, а на Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ, свежо цвеќа положија претставници од Сојузот на борците, локалната самоуправа, АРМ, МВР, политички партии, невладини организации, ученици и граѓани.
„Куманово е светлата точка во антифашистичката борба, тука беше првото востание на 11 Октомври, формирањето на државата и одржувањето на АСНОМ. Куманово е симбол на слобода, просперитет и демократија„ - рече градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.
Ноемвриски награди добија: Рамо Рашидовски, култура, Мирослав Крстевски, директор КУД „Панче Пешев“, Неџат Акифи, новинар, Филип Колевски, тренер-атлетика, Верица Петровска, поетеса, Ваит Саити, директор во ЈП „Македонски шуми“, а правни лица Кумановски акцијаши и Радио „Бум“. Градоначалникот додели награди и на Димитар Масевски, публицист, Горан Стојковски, раководител на ЦУК, Никола Томовски спортист и рекламна агенција од Скопје.
На одбележувањето на Денот на градот присуствуваа делегации од збратимените градови на општина Куманово, меѓу кои од Кампина, Драч, Саранда, Бјелина, Никшиќ, Чукарица и Беране.
Во Уметничката галерија во Куманово синоќа беше отворена изложбата „Кумановски ликовни уметници“, а на градскиот плоштад концерт одржа групата Милиграм.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk