Одбележан Денот на независноста во Куманово

08.09.2014 09:48 | KumanovoNews

Со положување на свежо цвеќе пред споменикот Жена борец на плоштадот денеска во Куманово беше одбележан 8 септември - Денот на независноста на Македонија.

Одбележан Денот на независноста во Куманово

Свежо цвеќе положија делегации од Советот, Општината, Сојузот на борци, политичките партии, јавните претпријатија, граѓанските здруженија, училиштата и други.

По повод 23 години независна Македонија, пред присутните се обрати претседателот на општинскиот совет, Максим Димитриевски.

Ова е голем ден за нашата држава, нашиот град и нашиот народ. Во знак на овој голем празник од ова место ќе упатам една голема порака. Чествуваме многу празници, не задолжиле генерации и генерации на наши предци да го правиме тоа. Кога веќе зборуваме дека градиме мултиетничко општество, денеска на 8 септември само ќе порачам дека мултикултурализмот и мултиетничкото општество не се гради на ваков начин. Денеска треба да бидат присутни сите политички партии без разлика на нивниот етнички предзнак и да оддадат почит на државата која сакаме сите ние да ја градиме - изјави Димитриевски.

Тој повика на национално единство и слога меѓу сите граѓани кои живеат во Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk