Одбележан Денот на олимпизам

11.05.2016 11:58 | KumanovoNews

 На атлетскиот полигот во Куманово, денеска се одбележа Меѓународниот ден на олимпизмот.

Одбележан Денот на олимпизам

На манифестацијата учествуваа спортисти, спортски работници, претставници од МОК, локалната самоуправа и ученици.

„Куманово е олимписки град, град на шампиони и спортисти, идни генерации кои еден ден ќе постигнат големи резултати и ќе ја  бранат честа на државата на градот и на вашата генерација. Куманово денеска е дел од големото олимписко семејство, кое на индиректен начин со останатите градови во светот го слави олимпизмот како идеал, како дух на младите, разбирање на народите и на мирот. „, - рече претседателот на МОК Васил Тупурковски.

Градоначалникот Зоран Дамјановски не го криеше задоволството што оваа година Куманово е домаќин на меѓународното прославување на Денот на олимпизмот.

„Куманово е град на шампиони, тројца наши сограѓани се закитија со олимписки медали. Куманово е амбасадор на спортот при промовирање на нашата држава.Токму затоа како прв човек на градот давам подршка на спортот и на изградба на спортски терни. Сакам да имаме уште многу спортски успеси во македонија и моите сограѓани, - рече Дамјановски.

 Аце Русевски, Реџеп Реџеповски и Бранимир Јовановски се кумановските олимпијаци.

На отворањето на културно- спортската манифестација со музичко-балетски точки настапија ученици од градот.  Учениците се натпреваруваа во кошарка , футсал и  трка на 200 метри .

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk