Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вработените во Противпожарна единица Куманово денеска направија коктел по повод 20 Мај - Денот на пожарникарите на Македонија.
Работа за пожарникарите има во текот на целата година, тоа е како непишано правило. Имаме 29 вработени, лани примивме 7 нови вработени. Се надевам дека и оваа година ќе има нови вработувања, меѓутоа тоа зависи од финансиите, од Владата дали ќе дозволи нови вработувања. Располагаме со 8 возила и едно теренско “лада нива“ кои се подготвени во било кој момент да интервенираат - изјави Деан Илиевски, командир на Противпожарна единица Куманово.
Претставници од локалната самоуправа и од јавните претпријатија им го честитаа празникот на пожарникарите со надеж дека во наредниот период нема да имаат многу работа.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk