Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Основното училиште „Христијан Карпош“ во населбата „Перо Чичо“, денеска го прослави патрониот празник.
По тој повод во училиштето беше организирана приредба за гостите, а пред присутните се обрати директорката Лидија Костиќ.
„Денеска нашето училиште празнува 58 години успешно опстојување и работа. Горди сме што го носиме името на козјачкиот херој Христијан Карпош. Оваа година приредбата е под мото Детскиот свет каде што нашите ученици под менторство на наставниците подготвија убава програма, за прв пат оваа година прикажуваме и соработка со други инситутции кои го носат името на Карпош. Наши гости се играорците од КУД Карпош и ќе настапи со една точка, ќе ни ја збогати приредбата, - изјави Костиќ.
Директорката вели дека во училиштето постојано се внесуваат новини во работата со учениците, а особено се горди на проектите кои даваат резултати.
Сега работиме нов проект преку Еразмус плус, каде има размена на ученици и наставници со седум други држави во Европа. Проектот МИО продолжува преку обука на вработени за одржување на училишни објекти, добивме опрема, зимско кампување на ученици, резултат на соработката се и прозорците кои се целосно заменети. Сега засега сметам дека успешно функционираме,- додаде Косиќ.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk