Одбележан Светскиот ден на дијабетес

14.11.2012 11:53 | KumanovoNews

 По повод Светскиот ден на дијабетес, денеска на Градскиот плоштад вработени од Здравствен дом Куманово, организираа традиционала акција за мерење на шеќер во крвта.

Одбележан Светскиот ден на дијабетес

Во првиот час од почетокот на акцијата 70 граѓани измериле шеќер во крвта.

- Секоја година има голем интерес и ниту една акција не поминува без 200 прегледани граѓани. Граѓаните кои се испитани и знаат дека имаат зголемено количество на шеќер во крвта се регистрирани како дијабетичари и доаѓаат на контрола. Им препорачуваме да држат диета, да не внесуваат полисахариди, да не се изложуваат на стрес - велат лекарите.

На акцијата пензионери и посериозни луѓе чекаа во ред за да измерат шеќер во крвта. Лекарите велат дека оваа категорија на граѓани најмногу внимава на своето здравје.

- Првпат доаѓам, случајно видов дека има прегледи. Не е лошо почесто да има вакви акции. Последен пат пред 10 години имам измерено шеќер во крвта, во ред е , немам никакви проблеми - вели Јованче Јовановски од Агино Село.

Од 4,6 до 6,4 е нормалното количество на шеќер во крвта. Граѓаните кај кои е дијагностициран дијабетес треба да примаат терапија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk