Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Општа болница Куманово денеска беше одбележан 12 Мај - Светскиот ден на медицинските сестри.
По тој повод, 25 медицински сестри кои имаат јубилеен работен стаж добија благодарници. Тие велат дека си ја сакаат професијата, но бараат подобри услови за работа и повисоки плати.
- Јас 40 години работам со љубов. Желба имам идните генерации да работат во подобри услови бидејќи ние сме работеле во потешки услови. Сепак и платите треба да бидат повисоки, да не биде стажот неважен бидејќи 40 години не се малку - рече Славица Саревска, акушерка на гинеколошко одделение.
Од синдикалната организација во Општа болница велат дека за прв пат организираат скромна прослава по повод Светскиот ден на медицинските сестри, кои се заборавени од надлежните.
- Одамна нема одбележување ниту на 7 - ми април Денот на акушерките, ниту на Денот на сестрите. Здравствените работници се заборавени. Сами се организиравме за да покажеме дека не е се така црно, барем да си го направиме денот убав, но очигледно е дека сме заборавени од државата и тоа се покажа пред две години кога имавме штрајк. Се надеваме дека сепак ова ќе допре до власта и органите кои можат да изменат нешто - изјави Билјана Анастасовска Петрушевиќ, претседател на синдикална организација.
Медицинските сестри на побараа нивната работа повеќе да се цени во општеството.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk