Одбележан Светскиот ден на учителот

03.10.2013 10:47 | KumanovoNews

 По повод 5 октомври - Светскиот ден на учителот, учениците од основните училишта “Браќа Миладиновци“ и “Бајрам Шабани“ направија заедничка приредба.

Одбележан Светскиот ден на учителот

При тоа учениците изведоа повеќе ритмички точки, драмски дел, а беа прочитани мисли од познати писатели за улогата на учителите во образованието.

Директорката на ОУ “Браќа Миладиновци“, Марина Манојловска вели дека задача на учителот е да воспитува и едуцира.

За жал денеска многу помалку се обрнува внимание на воспитниот дел, а многу повеќе на образовниот, а секако дека едно без друго не може. Во овој момент најважно е децата правилно да ги воспитаме, образуваме, за утредента кога ќе излезат на пазарот на трудот со своите способности, вештини, знаења да бидат конкурентни. Учителот мислам дека ја задржа својата улога и со него детето може да се идентификува - изјави Манојловска.

На приредбата беше кажано дека веднаш по родителот, учителот е личност која треба најмногу да се почитува.

Овие две училишта во рамки на проектот на меѓуетничка интеграција и понатаму ќе соработуваат со организирање на заеднички екскурзии, ќе има соработка на ниво на наставници и родители.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk