Одбележана 113 годишнина од смртта на Гоце Делчев

04.05.2016 11:19 | KumanovoNews

По повод 113 години од смртта на македонскиот револуционер „Гоце Делчев„, денеска пред бистата на великанот во дворот на кумановската гиманзија, цвеќе положија претставници од локалната самоуправа, Советот на општината, политички партии, невладини здруженија и граѓани.

Одбележана 113 годишнина од смртта на Гоце Делчев

Присутните ги поздрави директорот на гимназијата Горан Димитриевиќ.

Денеска сме собрани да одбележиме 113 години од смртта на нашиот патрон, големиот македонски револуционер „Гоце Делчев“. Горди сме што го носиме неговото име.Училиштето одбележува 71 години постоењето и успешна работа. Нашето училиштето се наоѓа меѓу првите пет училишта во државата по постигнатите резултати. Во гимназијата учат 1.120 ученика распоредени во 41 паралелка“, - рече директорот Димитријевиќ.

По повод патрониот празник гимназијата “Гоце Делчев“ организираше повеќе спортски натпревари, квиз по историја, литературен конкурс на темата „Јас го разбирам светот како поле на културен натпревар на народите“.

Колку  ни дозволуваат наставните содржини, ние секогаш обрнуваме внимание на работата на ликот и делото на Гоце Делчев, големиот  идеолог и народен учител. Мислата „Јас го разбирам светот како поле на културен натпревар на народите“ е наша водилка актуелна и по толку години. Учениците секогаш ја почитуваат и творат на таа тема“, - рече Соња Тодоровска, професор по македонски јазик и помошник директор во гимназијата.

 Гостите денеска имаа можност да присуствуваат на литературно читање, видео-презентација на училиштетео, како и да видат изложба на фоторафии од наставно-научните екскурзии и изложба на цртежи и слики на учениците.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk