Одбележана 148-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

04.02.2020 10:38 | KumanovoNews

Денот на раѓањето на Гоце Делчев, 4 февруари, денеска со пригодна свеченост беше обележан во Гимназија  „Гоце Делчев“ во Куманово.

Одбележана 148-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Делегации од Општината, Советот, политички партии, невладини организации и граѓани, положија цвеќе на бистата во дворот на гимназијата „Гоце Делчев“.

Учениците од Гимназијата, која го носи името на големиот македонски револуционер, подготвија пригодна свеченост, читаа поезија и изведоа неколку музички точки.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk