Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денескa се одбележува годишнината од битката на Пелинце во која загинаа Ангел Лазаревски-Шајче и Трифун Ангеловски-Летеќи.
На Споменикот на паднатите борци во селото цвеќе положија делегации од Сојузот на борците, градоначалникот, локалната самуправа, Советот и градинката која го носи името на првоборецот. Пред присутните се обрати Благе Јакимовски од Сојузот на борците.
„На денешен ден на ова место е водена борбата помеѓу кумановскиот батаљон и бугарскиот полициски одред. Во оваа борба животите ги дадоа двајца кумановци. Во нивна чест и во чест на сите останати борци кои загинаа во НОБ, денеска им оддаваме почит, - изјави Јакимовски.
Битката на Пелинце се водела на 13 јануари 1944 година на влезот во селото Пелинце, помеѓу батаљонот предводен од Христијан Тодоровски Карпош и бугарскиот окупатор. Во битката загинале Шајче, Летеќи и 18 бугарски полицајци, а 25 биле заробени.Големата победа ја зацврстила слободната козјачка територија, по што е формирана Третата македонска ударна бригада.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk