Одбележанa 75 годишнината од излегувањето на Кумановскиот партизански одред

26.06.2018 11:09 | KumanovoNews

Членови на Сојузот на борци Куманово, денеска положија цвеќе пред споменикот во некогашната бавча на Денко Цеков, таткото на Јордан Цеков Дане, од каде излегле партизаните од Кумановскиот партизански одред,
на 26 јуни 1943 година.

Одбележанa 75 годишнината од излегувањето на Кумановскиот партизански одред

Потоа заминале во Јужноморавскиот одред за да се обучат, и да се вклучат во борбените дејствија. Од оваа бавча излегле 7, а од бавчата на Ангел Тодоровски, таткото на Христијан Тодоровски Карпош излегле 4 партизани, кои го сочинувале јадрото на кумановскиот партизански одред. Се состанале кај денешната населба Карпош и продолжиле понатаму.

Борците, кон крајот на август 1943 година се активирале во Козјачието со борбени, политички дејствија и митинзи.

На одбележувањето на 75 годишнината од излегувањето на Кумановскиот партизански одред, присуствуваа советници, граѓани, членови на Здружението на армиски и полициски ветерани и деца од градинката „Ангел Шајче“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk