Одбележана 76 годишнината од битката на Пелинце

13.01.2020 15:03 | KumanovoNews

 Денескa се одбележаа 76 години од познатата битката на Пелинце во која загинаа Ангел Лазаревски - Шајче и Трифун Ангеловски - Летеќи.

Одбележана 76 годишнината од битката на Пелинце

Пред споменикот од Народноослободителната борба, почит оддадоа делегации на Сојузот на борците, општините Куманово и Старо Нагоричане, Советот на Општина Куманово, Здружението на пензионери, градинката „Ангел Шајче“, АРМ и здруженија на граѓани.

Пред присутните се обрати Драган Гачевиќ, од Сојузот на борците.

Настанот е во организација на Општинскиот одбор на Сојуз на борци од НОБ 1941-1945 година и граѓаните продолжувачи - Куманово.

Битката на Пелинце се водела на 13 јануари 1944 година на влезот во селото Пелинце, помеѓу батаљонот предводен од Христијан Тодоровски Карпош и бугарскиот окупатор. Во битката загинале Шајче, Летеќи и 18 бугарски полицајци, а 25 биле заробени.Големата победа ја зацврстила слободната козјачка територија, по што е формирана Третата македонска ударна бригада.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk