Одбележана битката на Пелинце

13.01.2011 15:08 | KumanovoNews

Битката на Пелинце се случила на 13 јануари 1944 година на влезот во селото, кога се судриле батаљонот Никола Јорданов Орце, предводен од командантот Христијан Тодоровски-Карпош и бугарскиот полициски окупатор.

Одбележана битката на Пелинце

По повод битката на Пелинце денеска на Споменикот на паднатите борци Ангел Лазаревски-Шајче и Трифун  Ангеловски-Летеќи, венци и свежо цвеќе положија претставници од Сојузот на борците, локалните самоуправи на Куманово и Старо Нагоричане, АРМ, градинаката, невладини организации и  граѓани почитувачи на НОБ. Пред присутните за значењето на битката зборуше Благе Јакимовски, член на Сојузот на борците.

Битката на Пелинце се случила на 13 јануари 1944 година на влезот во селото, кога се судриле батаљонот Никола Јорданов Орце, предводен од командантот Христијан Тодоровски-Карпош и бугарскиот полициски окупатор. Во битката загинале  Ангел Шајче и Трифун - Летеќи, кои биле единствените жртви, додека бугарите загубиле 18 полицајци, а 25 биле заробени. Големата победа на окупаторот ја зацврстила ослободената територија на козјачието, по што е формирана Трета македонска ударна бригада.   

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk