Одбележана годишнина од нападот на Аџитепе

06.04.2016 11:34 | KumanovoNews

Денеска се навршуваат 75 години од бомбардирањето на аеродромот Аџитепе, кога загинале 8 пилоти на војската на Кралството Југославија.

Одбележана годишнина од нападот на Аџитепе

По тој повод, пред Споменикот на авијатичари во населбата Долно Којнаре, цвеќе положија претставници на Српската заедница во Куманово.

Ние во Српската заедница одбележуваме значајни датуми, поврзани со историјата на српскиот народ. Денеска се собравме тука и со идноминутно молчење им оддаваме почит на загинатите пилот“, - изјави Горан Зафировиќ, претседателот на Српската заедница Куманово.

Амбасадорката на Република Србија во Македонија Душанка Дивјак Томиќ, истакна дека се работи за исклучетелно важен историски настан на овие протори, бидејќи на тој ден започнува Втората светска војна, откако фашистичката авијација го бомбардирала Белград, а само два часа пред тоа настрадало и Куманово како стратешка квота.

„Важно е да се потсетиме на храброста, одлучноста и подготвеноста на луѓето да го жртвуваат животот за подобро утре, а тоа е пред се слободата. Ние секогаш ја испраќаме пораката од ваквите места дека треба да сме единствени, едни на други да си помагаме, бидејќи времињата се тешки и секогаш било така, особено на нас кои живееме на Балканот. Зата треба сегашноста и иднината да ја направиме подобра отколку што ни било минатото, -изјави амбасадорката.

Нападот на петиот ловечки полк на Кралството на Југославија, кој бил стациониран на аедродромот Аџитепе се случил на 6 април 1941 година во 4 часот наутро. Во нерамноправната битка загинале 15 пилоти и војници на српската војска, а биле урнати 3 германски авиона.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk