Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пред бистата на Гоце Делчев во дворот на истоимената гимназија, денеска беа одбележани 114 години од смртта на македонскиот револуционер и 72 години од постоењето на училиштето.
Цвеќе положија градоначалникот, претставници од локалната самоуправа, училиштето, политички партии, борци, здруженија и граѓани, а пред присутните се обрати директорката Соња Тодоровска.
„Ние вработените и учениците, водени од неговата мисла и дух, животот го разбираме како поле за натпревар во знаење, умеење, професионалност, љубов и пријателство. Магијата наречена гимназија „Гоце Делчев“ е дел од сите нас, секојдневно се дополнува мозаикот на успеси, награди, дипломи на наши ученици и колеги. Без знаење нема светлост, без светлост нема слобода, без жртви и тешко минато нема среќен народ. Горди сме што го имаме Гоце Делчев и луѓето како него, кои рекоа не на ропството, покорот и темнината. Образованиот човек е богат човек, учителот секогаш треба да остане ученик за да биде добар учител„- рече во своето обраќање директорката Тодоровска.
Учениците изведоа пригодна приредба, по што пуштија гулаби на мирот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk