Одбележана годишнината од загинувањето на Карпош

07.02.2017 11:40 | KumanovoNews

Денеска се навршуваат 73 години од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски-Карпош.

Одбележана годишнината од загинувањето на Карпош

Во организација на Сојузот на борците, спомен куќата на Карпош денеска ја посетија, и на бистата во дворот свежо цвеќе положија, претставници на локалната самоуправа и граѓаните.

„Во предвечерието на големата битка што се случила на 7 февруари 1944 година, кумановскиот батаљон Јордан Николов, предводен од командантот Карпош, заедно со  косовско-српскиот батаљон, се упатува во селото Биљача, каде што требало да се нападне бугарскиот полициски одред сместен во селското училиште. Додека траела битката, затаил минофрлачот и покажувајќи ја својата несебичност Карпош пришол да види во што е проблемот, при што смртно е ранет во првите борбени редови. Загинал многу млад, на 22,5 години, - изјави Доне Младеновски, од Сојузот на борци.

Карпош е погребан со сите воени почести, а по завршување на војната во 1945 година е прогласен за народен херој, како предводник на НОБ во кумановско-козјачкиот регион. Пред бистата на Карпош денеска се поклонија делегации на борците, локалната самоуправа, АРМ, политички партии и граѓани.

Во чест на Карпош, синоќа се одржа свечена седница и во организација на Здружението на воени ветерани, при што беше промовирана монографија за народниот херој.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk