Oдбележана Неделата на италијанскиот јазик во „11 Октомври„

26.10.2018 07:12 | KumanovoNews

Во основното училиште „11 Октомври“ се одбележа Меѓународната недела на италијански јазик, која оваа година беше на тема: Италијанскиот јазик во мрежата, социјалните мрежи за италијанскиот јазик.

Oдбележана Неделата на италијанскиот јазик во „11 Октомври„

- Италијанска кујна, работилница и сценски настапи се само дел од активностите на манифестацијата, на која зедоа учество учениците од нашето училиште. 18-та Недела на италијанскиот јазик се одбележува по повод влијанието на интернетот и социјалните мрежи врз италијанскиот јазик. Ова е манифестација која се одбележува од 2001 година низ целиот свет на иницијатива од италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународните соработници за промоција на италијанскиот јазик, култура и традиција, - изјави директорката Елизабета Костиќ.

Оваа манифестација во ова училиште се одржува традиционално секоја година.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk