Одбележани 150 години од смртта на “Вук Караџиќ“

28.11.2014 11:33 | KumanovoNews

Основното училиште “Вук Караџиќ“ денеска одбележува 150 години од смртта на патронот.

Одбележани 150 години од смртта на “Вук Караџиќ“

По тој повод учениците подготвија приредба и на ликовна работилница од глина го изработуваа ликот на Вук Караџиќ.

“Сакаме да му оддадеме почит на великанот и затоа подготвија учениците една скромна манифестација. Учениците ќе го моделираат од глина и ќе го цртаат ликот на Вук Караџиќ. Имаме ритмички, рецитаторски, драмски точки кои ќе бидат презентирани на македонски и српски јазик. Големите луѓе заминуваат од лицето на земјата, но ќе бидат запаметени“ - кажа Надица Петровска, директорка на “Вук Караџиќ“.

Гости на манифестацијата беа претставници од Српска амбасада, локална самоуправа, училишта и други.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk