Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со положување на цвеќе пред споменикот од НОБ во село Пелинце, денеска беа одбележани 71 година од битката во Пелинце.
Пред споменикот се поклонија борците, претставници на општините Куманово и Старо Нагоричане, градинката, училишта, здруженија на граѓани и други. Пред 71 година во Пелинце баталјанот Јордан Николов Орце се борел против бугарскиот баталјон “Бенковски“.
“Во 1944 година баталјонот Јордан Николов Орце предводен од Христијан Тодоровски Карпош, легендардниот кумановски командант ја извојува оваа победа, каде што во тоа време нашите партизански единици имаат дадено две жртви. Тоа е командантот на младинскиот вод Ангел Лазаревски Шајче и Трифун Ангеловски. Оваа битка е многу значајна затоа што после неа бугарскиот непријател на овој терен е разбиен“ - истакна Цоки Ристовски од Сојуз на борци Куманово.
Спомени од битката евоцираше борецот Спирко Зафировски, кој говореше за ликот на Анѓел Шајче.
„Шајче беше еден од големите револуционери. Немаше страв од бугарскиот окупатор, тоа јавно го манифестираше. Навистина имаше големо влијание неговиот говор.Тоа ми даде повод и јас потоа да тргнам во партизани“ - рече Зафировски.
На одбележувањето на овој важен датум, присуствуваше и внукот на Анѓел Шајче кој го носи неговото име. Тој кажа дека неговиот дедо во семејството важел за чесен, храбар, човек со идеи кој придонел за ослободувањето на Македонија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk