Одбележани 78 години од формирањето на 3-та Македонска ударна бригада во с.Жегљане

26.02.2022 16:22 | KumanovoNews

Пред спомен плочата во училишниот двор во с.Жегљане, Кумановско, денеска беа одбележани 78 години од формирањето на 3-та Македонска ударна бригада во с.Жегљане.

Одбележани 78 години од формирањето на 3-та Македонска ударна бригада во с.Жегљане

Третата македонска ударна бригада била формирана во село Жегљане, Кумановско, на 26 февруари 1944 година. Била формирана од баталјонот „Стив Наумов“ и кумановските баталјони „Јордан Николов - Орце“ и „Христијан Тодоровски - Карпош“.

Одбележувањето , традиционално го организираа Општинскиот одбор на Сојуз на борци од НОАВМ 1941-1945 година и граѓаните продолжувачи-Куманово.

Пред присутните зборуваше Благе Јакимовски, потпретседател на Сојузот на борци од Куманово. Во чест на овој историски настан свежо цвеќе положи градоначалникот на Општина Куманово и делегации на Сојузот на борци.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk