Одбележано загинувањето на Панче Пешев

07.06.2011 10:58 | KumanovoNews

 Пред бистата на Панче Пешев во нижото музичкото училиште беше положено цвеќе по повод 5 јуни, загинувањето на народниот херој. Почит му оддадоа претставници од училиштето и Сојузот на борците.

Одбележано загинувањето на Панче Пешев

Се собравме тука да го одбележиме загинувањето на нашиот сограѓанин и борец Панче Пешев, кој жртвувајќе се за нашата слобода го положи својот живот во борбата против против фашистите во селото Кушкули во Грција-рече првоборецот Спирко Зафировски.

Музичкото училиште „Панче Пешев„ патронатот го одбележа со повеќе активности, а учениците одржаа и годишен концерт.

Овој ден ние свечено го одбележавме и со завршен годишен концерт, на кој настапија најдобрите ученици од нашето училиште, кои освоиа награди на државни и меѓународни натпревари по инструментите пијано, виолина и гитара - рече Светлана Трајковска, директорката на училиштето. Најдобрите ученици и професори добија пригодни награди и од училиштето.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk