Одбележување на 6 април, Денот на бомбардирањето на Аџитепе

05.04.2022 20:36 | Жаклина Цветковска

Српската заедница во Македонија, регионален одбор Куманово, утре, традиционално организира комеморијален историски настан за одбележување на 6 Април, Денот на бомбардирањето на аеродромот Аџитепе во близина на Куманово, кога била нападната војската на Кралството Југославија од страна на германската авијација во 1941 година.

Одбележување на 6 април, Денот на бомбардирањето на Аџитепе Фото: Мери Николић

Со овој настан бил означен почетокот на Втората светска војна.

„На споменикот на 8-те загинати авијатичари, на ул. Никола Тесла, со почеток во 11 часот, ќе биде одбележен на овој значаен историски ден во присуство на бројни делегации, невладини организации и политички партии“, информираат од Српската заедница во Македонија.

Делегациите ќе положат венци, свежо цвеќе, а ќе биде организирана и пригодна културно- уметничка програма.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk