Одбележување на Денот на АРМ во касарната „Боро Менков“ во Куманово

16.08.2018 08:41 | KumanovoNews

Во касарната „Боро Менков“  Куманово, утре (петок) со почеток во 10.30 часот, со воена свеченост ќе го одбележи 18. Август, Денот на АРМ и 26 години од постоењето на АРМ.

Одбележување на Денот на АРМ во касарната „Боро Менков“ во Куманово

На прославата ќе бидат прочитани наредбите за унапредувања на старешини, врачување на одликувања, награди и пофалници и честитки на вработените во АРМ.

По завршување на официјалниот дел организирана е презентација на вооружување и опрема со кои располага единицата како и коктел за присутните.

На прославата се поканети и преставници од државна управа, јавните установи и служби, градоначалниците и преставниците на единицате на локалната самоуправа во зоната на одговорност и правни и физички лица со кои Армијата на Република Македонија има соработка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk