Одбележување на Светскиот ден на театарот

26.03.2015 10:16 | KumanovoNews

 Театар Куманово утре во 20 часот, ќе го одбележи 27 март - Светскиот ден на театарот.

Одбележување на Светскиот ден на театарот

 Ќе биде прочитана една македонска и една странска порака за театарот, а потоа ќе биде изведена претставата “Брачна игра“, работена по текст на Едвард Олби. По завршување на претставата ќе има коктел, а влезот ќе биде бесплатен за сите посетители.

Светскиот ден на театарот е востановен во 1962 година и се одбележува во стотина земји во светот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk