Одделенијата за управни работи во МВР ќе работат и овој викенд

25.10.2017 11:10 | KumanovoNews

Одделенијата за управни работи ќе работат во сабота и недела, информира МВР.

Одделенијата за управни работи во МВР ќе работат и овој викенд

Сите барања за издавање лична карта(оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно исклучиво во регионалните Одделенија за управни работи при МВР, каде што граѓаните ќе гласаат во втор круг на локалните избори за градоначалници на општините и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.

Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота(28.10.2017 година) до 16.30 часот. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, Одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до Одделенијата за управни работи.

На денот на изборите (недела 29. 10. 2017 година) Одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти во периодот од 07.00 до 19.00 часот, - информира МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk