Одличен концерт на Младинскиот оркестар пред кумановската публика

10.03.2023 11:17 | Оливера Пешевска

Младинскиот оркестар синоќа одржа концерт  во малата сала на Центраот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Одличен концерт на Младинскиот оркестар пред кумановската публика

Пред публиката беа изведени популарни мелодии од Тоше Проески, Росана, Лозано, Брејк, како и познати хитови од регионот.

Убава музика, со убава мелодија и со убава порака е мотото под кое може да се категоризира овој концерт.

„Концертот го посветивме на  жената и виното, љубовта и убавата музика, тие секогаш одат заедно. Во современиот свет жената е рамо до рамо со мажите, но борбата никогаш не смее да престане за да бидеме сите еднакви“, изјави Александар Митрички, ментор на оркестарот.

Младинскиот оркестар е повеќе од 3 години дел од установата и досега има настапувано на многу манифестации во државата и во странство.

„ Куманово имало и уште ќе дава млади таленти со кои ќе се гордее овој град“,  истакна Митрички во воведниот говор.

 Салата беше исполнетоста до последно место од посетители.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk