Одлична забава на роденденот на Алфи Техноцентар

12.11.2016 15:19 | KumanovoNews

Алфи Техноцентар вчера го прослави својот седми роденден, а за целодневната забава беа задолжени ДиЏеј Оли, Кубано Сој а специјални гости беа Тајзи и Спејко.

Одлична забава на роденденот на Алфи Техноцентар

Како и минатата година, салонот беше преполн со потрошувачи, за кои имаше огромни попусти и многу награди.

Како и секоја година огранизиравме голем хепенинг за нашите потрошувачи. Овој роденден направивме поголем број на производи да бидат на попуст во однос на минатата година. Задоволни сме што ги гледаме луѓето дека излегуваат среќни и задоволни од нашиот салон. Денеска имавме многу изненадувања за купувачите, пред малку доделивме шпорет. За забавата се задолжени Куманово Сој, Тајзи и Спејко и се надевам дека нашиот роденден ќе остави трага како и минатата година - изјави Филип Серафимовски генерален директор на Алфи Техноцентар.

Тој додаде дека за овој роденден имаат ниски цени и највисок квалитет на нашите производи и би сакал да ги повика сите кои не беа присутни на вчерашниот роденден, да го посетат салонот во наредните неколку дена.

Роденденските попусти ќе траат до вторник 15.ноември, па би сакал да ги повикам сите да го посетат салонот. Ние им излегуваме во пресрет на нашите клиенти, па би сакал да најавам дека и нашиот салон ќе се вклучи во глобалната акција „Блек Фрајдер“(црн петок) каде што ќе понудиме нови попусти во салонот - додаде Серафимовски.

Алфи Техноцентар за секој купен производ врши бесплатна достава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk