Одложен штрајкот на матичните лекари

25.09.2014 13:25 | KumanovoNews

Матичните лекари го одложија протестот кој требаше да се одржи утре од 9 до 11 часот.

Одложен штрајкот на матичните лекари

Одлуката е донесена по средбата со министерот за здравство Никола Тодоров, на која одлучиле да ги разгледаат здравствените системи во околината, а потоа со конкретни заклучоци да се сретнат идната недела.

Од здружението на приватни лекари велат дека дополнително ќе ги разгледаат условите под кои работат нивните колеги во соседството и на следната средба  ќе ги соочат аргументите со надлежните.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk