Одложено доставувањето на вакцините од Србија

11.02.2021 08:44 | KumanovoNews

Одложено е доаѓањето на вакцините против ковид-19 од Србија, кое денеска требаше да се случи на граничниот премин Табановце. Одложувањето е поради потребата од усогласување на техничка документација при доставување на вакцини, објави доцна синоќа Владата.

Одложено доставувањето на вакцините од Србија

 Вчера беше најавено дека во 14 часот, српскиот претседател Александар Вучиќ ќе им ја предаде пратката со вакцини на премиерот на државата Зоран Заев.  Станува забор за 8.000 дози од вакцината „Фајзер“. На средбата требаше да присуствува и  министерот за здравство Венко Филипче.

 Оваа пратка беше договорена пред месец дена, но се уште се чека на документација за реизвоз од седиштетото на производителот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk