Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Основниот суд Куманово денеска се одложи судењето против Бобан Илиќ, обвинет за убиство на четиригодишниот Алмир Алиу пред Здравствениот дом во Куманово, поради отсуство на вештото лице од Клиниката за психијатрија во Скопје.
Докторката подолго време била на боледување и не е во можност да присуствува на рочиштето.
На минатото рочиште свое мислење даде еден од вештаците, кој пред судот го презентираше психијатрискиот наод кој покажува дека Бобан не го извршил убиството со умисла како што го товари обвинителството.
Тогаш адвокатите на семејството Алиу не беа задоволни од вештачењето и сметаат дека не биле земени во обзир сите докази кои ги доставиле до Судот и најавија дека ќе бараат ново вештачење.
Прегазувањето на четиригодишниот Алмир се случи на 25 јуни минатата година, поради банална расправија за ред во Здравствениот дом во Куманово, која прераснала во физичка пресметка помеѓу таткото на детето и Бобан. Во обид да избега од напаѓачите Бобан со својот автомобил удрил во ѕид од куќа и го прегазил детето.
Семејството Алиу бара максимална казна за Бобан, додека тој тврди дека е жртва во пресметката. На Бобан му се суди за кривично дело убиство со умисла, а на таткото Сеад Алиу и уште двајца негови роднини за насилство.
Наредното рочиште е закажано на почетокот на мај.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk