Одложено судењето на Јовановиќ

11.04.2013 10:46 | KumanovoNews

 Во Основниот суд Куманово, денеска се одложи судскиот процес против Миодраг Јовановиќ, градоначалник на општина Старо Нагоричане, обвинет дека во април мината година прегазил пешак со службеното возило и не му укажал помош.

Одложено судењето на Јовановиќ

Повредениот Срѓан Лазаревски,  по десетина дена почина на скопската клиника. На денешното рочиште приговор на обдукцискиот наод поднела одбраната на обвинетиот. Судијата што го води процесот процени дека е неопходно да ги повика и вештите лица од судска медицина што го изготвиле наодот, а потребно е појаснување на сообраќајно техничкото вештачење од СВР Куманово во кое непрецизно било дефинирано движењето на автомобилот и на жртвата. На предходните две рочишта градоначалникот Јовановиќ го негираше делото.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk