Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На наредната седумдесет и прва седница на Советот на општина Куманово ќе се дискутира за односот меѓу градоначалникот - администрацијата и општинскиот совет.
Независниот советник Зоран Петрушевски даде предлог за вметнување на ваква точка со образолежние дека одредени личности јавно се прозивани и се подложни на анализа. Петрушевски ова го толкува како политички атак и заплашување на поединци.
Демократскиот процес е загрозен. Тоа досега во Куманово не се случувало, законодавната да биде под пресија на извршната власт. Голем дел од нас во наредниот состав нема да не има , ќе дојдат некои други луѓе. Работите ќе продолжат во недоглед. Наместо да ги решаваме проблемите на граѓаните ќе дојдеме во ситуација ние да бидеме проблем за граѓаните - рече Петрушевски.
Претседателот на Советот на општина Куманово, Виктор Цветковски изрази незадоволство бидејќи на локален медиум на негова адреса се упатени критики и одредени квалификации. Тој го поддржува предлогот да се расчистат релациите во Советот.
На денешната седница градоначалникот Зоран Дамјановски присуствуваше кратко, бидејќи имаше два важни настани и отсуството го најавил неколку дена однапред. Во неговото присуство на идната седница ќе се дискутира на спомената тема. Дамјановски кажа дека она што било изнесено во емисија е негов личен став и тој не ја загрозува работата на Советот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk