Одобрени пари за проект за асфалтен пат во Драгоманце

25.06.2018 09:38 | KumanovoNews

Агенцијата за финансиска подршка на рурален развој одобри 324.497 денари за изработка на техничка документација за изградба на локален патен правец во село Драгоманце, Општина Старо Нагоричане.

Одобрени пари за проект за асфалтен пат во Драгоманце

Патoт е во должина од 2000 метри, а треба да го поврзе главниот пат со т.н. Старо маало.

„Со сретствата треба да изработиме комплетна техничка документација. За проектот аплициравме во Бирото за рамномерен регионален развој, а деновиве треба да потпишеме договор за изработка на проектот„“, - велат од Општината Старо Нагоричане.

По изработка на проектот  Општината ќе аплицира кај домашни и странски донатори за да обезбеди сретства за асфалтирање на улицата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk