Одработуваат наместо да платат казна

28.06.2012 08:45 | KumanovoNews

  Кумановци најчесто одработуваат  казни за прекршок кој го заработиле во полиција или комунална инспекција.


Одработуваат наместо да платат казна

Во последниве четири години над 400 граѓани одработиле општокорисна работа наместо да платат казна. На ваков чекор се решаваат луѓето на кои им се изречени казни од полиција или од комунална инспекција, бидејќи фрлиле отпушок од цигара или превезувале шут во камион без церада. Паричните казни обично изнесуваат 50 евра и зависно од нивата висина се одредува колку дена се потребни за да се одработи казната.

 Според Законот за јавна чистота во рок од 30 дена треба казната да се плати или да се одработи. Има доаѓаат луѓе кои попрво би одработиле одошто да платат. Тие сами се пријавуваат. Се одредува дневницата зависно од работата која човекот ја врши. Еден час работа во јавно претпријатие чини од 50 до 100 денари. Чистење на снег на пример чини 70 денари од час, за собирање на смет се плаќа 80 денари, садење дрвца 100 денари - објаснува Благица Јовановска, раководител на техничко - технолошкиот сектор во ЈП “Чистота и зеленило“.

 Од ова јавно претпријатие велат дека од 2000 година па наваму кај нив се практикува општокорисна работа, а најчесто ја прифаќаат граѓани кои не се во можност да ја платат казната.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk