Одрони на патот и поплави од обилните дождови

11.10.2015 07:54 | KumanovoNews

 По обилните врнежи во текот на вчерашниот ден се појавиле одрони на патиштата кон Свети Николе и кон Крива Паланка, а имамло и поплави во Љубодраг.

Одрони на патот и поплави од обилните дождови

Во 13.30 часот е пријавено дека на излез од селото Доброшане на патот кон Свети Николе има одрони. Како и на патот кон Крива Паланка кај село Страцин. Одроните најверојатно се заради обилните врнежи од дожд.

Вчера едно семејство од село Љубодраг во РЦУК пријавило дека им е поплавен подрумот и побарало помош за испумпување на водата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk