Одржан противпожарен квиз

04.11.2011 13:18 | KumanovoNews

 Екипи на основното училиште „Браќа Миладиновци“ и гимназијата „Гоце Делчев„, победија на 17-тиот општинскиот натпревар по противпожарна заштита што денеска се одржа во Куманово. 

Одржан противпожарен квиз

Во категоријата основни училишта втори се учениците од „Кочо Рацин„, а трети од „Крсте Мисирков„, додека кај младинците второто место припадна на „Наце Буѓони„, а третото на Доброволното противпожарно друштво „Перо Чичо„.

Квизот го организира Противпожарниот сојуз Куманово со  Доброволното противпожарно друштво „Перо Чичо„ и Дирекцијата за заштита и спасување-Куманово.

Натпреварот се организира за да подигне масовната култура за заштита од пожарите. Интересот од училиштата оваа година беше голем, поради што вчера направивме тестирање и селекција, па најдобрите три екипи денеска се натпреваруваа во категориите основни и средни училишта.  Победниците од овој квиз ќе го претставуваат градот на регионален натпревар во Кратово, а ќе добијат и награди и признанија-вели Часлав Јовановиќ, претседател на Противпожарниот сојуз Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk