Одржан семинарот „Демократско учество„

07.02.2011 13:10 | KumanovoNews

Центарот  за меѓукултурен дијалог ја организираше обуката за “Демократско учество” на која присуствуваа претставници од Совеот на Општина Куманово, Комисијата за односи помеѓу заедниците и претставници од граѓанскиот сектор. Обуката ја одржа Мирјана Најчевска.

Одржан семинарот „Демократско учество„

Оваа обука го заокружи процесот на обучување на сите претставници од работните групи кои веќе 3 месеци активно се вклучени со работа во секторите за култура, образование, млади и спорт, социјални прашања и религија. За време на обуката учесниците имаа можност да разменат мислења и искуства во однос на темите за демократското владење и моќ, активно демократско учество во процесот на одлучување.

Обуката е организирана во рамките на реализацијата на проектот Активно граѓанство за меѓуетничка соработка која е подржана од страна на УНДП како дел од заедничката програма на ОН “Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка помеѓу заедниците”. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk