Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Куманово

18.04.2025 13:01 | KumanovoNews

Во СВР Куманово, на 16. и 17. април, било пријавено дека на автопатот Куманово - Скопје се одвиваат диви трки со патнички моторни возила кои предизвикуваат голема бучава. 

Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Куманово

„Веднаш биле преземени мерки од полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово и поради сомнение за сторен прекршок биле одземени патничко моторно возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки управувано од М.В.(20) од село Долнени, прилепско и патничко моторно возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(21) од Тетово. По целосно документирање на слуајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци“, соопшти МВР.

(Фото. Архива)

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk