Одземено аудито со фалц шасија

27.06.2011 10:14 | KumanovoNews

 Кумановската полиција поднеле кривична пријава и го спроведе Б.К.(43) од Србија, поради основано сомнение дека  сторил фалсификување исправа и употреба на исправа со невистинита содржина.

Одземено аудито со фалц шасија

Имено, Б.К. позајмил ПМВ „Ауди“ со српски регистерски ознаки, со неутврден број на шасија и по пат на механичка обработка брусење го избрусил бројот на шасијата и извршил промена на идентитетот на возилото и како такво го управувал.

Минатата недела од страна на полицијата беше откриенo на граничниот премин Табановце, и возилото му е привремено одземено.

Возилото ќе биде предадено на Агенцијата за управување со одземен имот при Министерство за правда.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk