Официјална информација на МВР за експлозијата во Куманово

11.07.2015 09:45 | KumanovoNews

 МВР  објави официјална информација за експлозијата во Куманово.

Официјална информација на МВР за експлозијата во Куманово

 Информација е многу штура и не открива за каква експлозивна направа станува збор.  Соопштението го објавуваме во целост.

На 11.07.2015 година околу 04,30 часот во Куманово на плоштад „Маршал Тито“, зад зградата бр.37, во близина на маркет „Тинекс“, вработен во агенција за обезбедување „НИКОБ“ во казино „Астра“, слушнал експлозија. Од страна на екипа од СВР-Куманово излезено е на лице место, при што забележан е кратер со неправилна форма (радиус 10см и длабок 3-4см) во канал за атмосферска вода. Скршени се неколку прозори на зградата, на фасадата нема оштетување и нема повредени лица. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk