Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска почна дваесетдневната изборна кампања за Локалните избори 2025 закажани за 19 октомври.
Партиите и коалициите почнуваат со официјалните изборни активности. Изборната кампања почна на полноќ и ќе трае 20 дена односно до 17 октомври на полноќ, по што настапува 24-часовен молк пред изборите на 19 октомври. Вториот круг на изборите ќе се одржи две недели подоцна на 2 ноември.
Локалните избори на 19 октомври годинава ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. На Локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети со вкупно 10.490 кандидати. Државната изборна комисија на седница во петокот го заклучи Избирачкиот список на кој се запишани вкупно 1.832.415 избирачи.
Во Куманово ќе се гласа за 7 кандидати за градоначалник и 14 листи за советници. Кандидати за градоначалик се: Мартин Костовски од коалицијата на СДСМ, Максим Димитриевки од Движењето ЗНАМ, Мирослав Петковиќ од Левица, Селвер Ајдини од ДУИ, Виолета Арсовска од ЛДП и Арбен Етеми од ВЛЕН. Независен кандидат е Горан Стојковски - Диро.
За листи за советници за Советот на Општината се: коалиците предводени од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Движењето ЗНАМ, Македонска трета ера Суверенисти, МААК , коалиција ЛДП, Интегра и Партија за еманципација на Ромите, ДПСМ, ДОМ, ДУИ, ВЛЕН, Левица, Единстена Македонија. Независните листи доставиле граѓанската иницијатива „Ред за Куманово“ и „За Албанците на Куманово“.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk