Оглас за субвенционирање на сончеви колектори

02.02.2016 10:02 | KumanovoNews

Министерството за економија објави оглас за надомест на дел од трошоците за купени и вградени сончеви колектори заклучно со мај 2016 година.

Оглас за субвенционирање на сончеви колектори

Ќе бидат надоместени 30 отсто од вредноста на инвестицијата, но не повеќе од 300 евра доколку граѓанинот не ја искористил оваа можност за субвенционирање при претходните огласи. На 4 јуни годинава во Скопје ќе се одржи јавно извлекување. Едно лице може да поднесе само едно барање за надоместок. Ваква можност им се нуди на граѓаните за да се поттикне искористувањето на сончевата енергија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk