Оглас за вработување во Централен регистар Куманово

09.08.2018 09:10 | KumanovoNews

Централен регистар објави оглас за вработување на одговорно лице во одделението во Куманово.

Оглас за вработување во Централен регистар Куманово

Според огласот извршителот треба да биде со завршен факултет по правни или економски науки.

- Со најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен Vll/l степен стручна подготовка, најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор и потврда за положен испит за административно управување, на работно место одговорно лице за работење на РРК Куманово и основна плата 40.870, 00 денари, - стои во објавата.

Централен регистар ќе вработи 34 лица на неопределено време во повеќе градови во државата.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk