Огномет во три по полноќ ги разбуди кумановци

27.07.2015 14:18 | KumanovoNews

 Истрели од огнено оружје и неколку силни детонации, во три часот по полноќ ги разбуди кумановци.

Огномет во три по полноќ ги разбуди кумановци

 Исплашени за својата безбедност по неодамнешните вооружени случувања, граѓаните го пријавиле случајот во СВР Куманово. Од полицијата велат дека станува збор за свадбена веселба на која било употребено огнено оружје и пиротехнички матерјал. Нарушителите на јавниот ред и мир се откриени и против нив ќе биде поднесена кривична пријава. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk