Ограбена бензинската пумпа на “Макпетрол“ на Романовце

25.11.2013 12:16 | KumanovoNews

Двајца маскирани и вооружени разбојници ноќеска ја ограбиле бензинската пумпа на “Макпетрол“ на автопатот Куманово - Скопје кај мотелот Романовце.

Ограбена бензинската пумпа на “Макпетрол“ на Романовце

Разбојништвото се случило утрово во 4.15 часот, кога крадците дошле на бензинската пумпа и со вперен пиштол во вработениот Ч.З.(56) од с.Романовце одзеле 32.000 денари од дневниот промет и куќиште од компјутер. Потоа му ги одземале и клучевите на автомобилот и побегнале.

Полицијата презема мерки за откривање на сторителите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk