Ограбена поштата кај Зелениот пазар

22.03.2011 14:45 | KumanovoNews

Во експозитура на Македонски пошти лоцирана на ул. „Христијан Тодоровски Карпош“, спроти Зелениот пазар во Куманово, непознати лица украле метален сеф со 430.000 денари, ВИП ваучери, ПТТ картици, уплатници и други документи.

Ограбена поштата кај Зелениот пазар

Грабежот се случил во текот на ноќата,а  вработените виделе  утрината во 8.10 часот кога дошле на работа. Провалниците на сила ги отвориле двете врати на монтажниот објект и со сефот ги однеле девизите и денари што биле внатре. Сторителите побегнале, а полицијата трага по нив, и работи на расчистување на случајот.


                                  
Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk