Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Старица е ограбена во влез на зграда во која живее, додека чекала лифт.
Нападот се случил вчера во 10.40 часот, кога Ј.М.(73) од Куманово чекала да влезе во лифт од зградата. Трчајќи до неа дошло непознато лице и со една рака ја фатило во пределот на устата, ја турнало на подот одземајќи и ја ташната и побегнала. Во чантата имало 640 денари и лична карта.
Откако се прибрала старицата побарала помош. СВР-Куманово презема мерки за пронаоѓање на разбојникот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk